Ноќта на католички Божик, во швајцарското село Рути во близината на Цирих, околу 2 часот, се случило убиство на сопственикот на ресторанот „Барен“, И. Иштрефи (51) по потекло од Струга, пишува ТВ21.

Се смета дека зад убиството стои крвна одмазда за убиството на Дилавер Бојку – Леку кој беше убиен во 2017 година. Исто така постои и голема нетрпеливост меѓу двете македонски семејства Бојку и Иштрефи.

Братот и синот на Бојку во 2015 година го убиле едниот син на Иштрефи на возраст од 23 години, а во таа пресметка бил ранет помалиот син на Иштрефи, кој се здобил со тешки повреди. Настанот се случил на патот кон Горна Белица.

Еден од жителите на селото Рути изјавил дека во последните денови им било кажано да ги заклучуваат влезните врети. Иштрефи бил убиен со неколку куршуми кои биле испукани од улицата кон прозорците. Полицијата на местото на настанот нашла шест чаури, пренесува ТВ 21.

Дилавер Бојку Леку беше убиен во 2017 година во ресторанот „Аква Блу“ во Струга. Убиецот му дошол зад грб и со еден куршум во главата го усмртил Леку.