При неодамнешната посета на Словенија, Бујар Османи имаше интервју за словенечко Дело. Во интервјуто тој најави дека ќе биде попишувана и дијаспората, една од причините поради кои беше прекинат минатиот попис, кога одредени комисии вршеа попис по скајп и сл. Еве што во интервјуто одогвори на прашањата за пописот:

ДЕЛО: Скоро 20 години немало попис во Северна Македонија. Според политичките аналитичари, учеството на Албанците во вкупното население во земјата е најмногу 16 отсто, а не 20 отсто како резултат на масовната емиграција. Што би значело за Охридскиот договор и Законот за јазиците ако се покаже дека проценката е точна?

ОСМАНИ: Во нашата земја, пописот не е само нормална статистичка операција што овозможува планирање на политиката, туку е и политичка операција, бидејќи Уставот ги поврзува правата на етничките зедници со нивната процентуална застапаеност во вкупниот број население. Ова е дел од компромисот од 2001 година, што значи дека пописот е исто така политичка операција, колку и статистичка. Затоа, сите заедници се чувствителни на ова прашање. Ова дава политичка димензија на целото прашање. Затоа, многу е важно прецизно да се дефинираат принципите, механизмите, методологијата за регистрација на граѓани. Веќе се договоривме за тоа како треба да се направат пописот, законот за попис и методологијата за попис на граѓаните. Не очекувам дека ова ќе има никакви последици врз Охридскиот договор.

ДЕЛО: Дали е вистина дека новиот попис нема да го вклучи прашањето за етничката припадност?

ОСМАНИ: Не, тоа не е точно, тоа ќе биде дел од пописот. Во 2012 година, се постави прашањето дали треба да се попишат само лицата кои живеат во земјата или вкупното население. Логиката на обичните пописи е дека се креираат политики за населението кое живее, за жителите што моментално се во земјата. Јас сум за решение со кое ќе се изброи и вкупното населние, неависно каде живее, значи за населнието кое живее во земјата и за вкупното населние, што треба да биде основа за правата на заедницата.

ДЕЛО: Како и да е, се чини дека методологијата на пописот е со нови отстапувања и дека Заев им попушта на Албанците затоа што тие му помогнаа да дојде на власт …

ОСМАНИ: Ова не е отстапување, туку нормален принцип за пописот. Нашите иселеници се тесно поврзани со државата. Ние, исто така, ја одржуваме макроекономската стабилност како резултат на дознаките што доаѓаат од дијаспората. Нашите иселеници престојуваат во Северна Македонија и во земјите од Западна Европа, вклучително и Словенија. Тие учествуваат во создавањето и одржувањето на финансиската стабилност, како и во целиот политички и социјален живот. Затоа, нивниот попис на некој начин е дел од нормалниот процес на државниот попис. Ова не е само за една заедница, туку за сите заедници, сите граѓани во земјата.

Целото интервју го имате на овој линк