Бројот на нови заразени во Србија од почетокот на септември постојано е над 5.000 на дневна основа, а најмногу заразени од почетокот на пандемијата се регистрирани на 28 септември – 8467.

Оваа вест изминативе денови беше проследена со извештаи од детските болници за четири бебиња на респиратори. 13-годишно момче за кое било потврдено дека има Ковид-19 пред еден месец, починало од белодробна емболија во Сомбор во петокот вечерта.

Во Србија околу 5 000 учници се заразени од Ковид, додека во хрватска тој број е близу 4 000.

Во Бугарија бебе на два месеци и петгодипно дете се наоѓаат во болница поради Ковид. Во болниците има над 7000 лица, а повеќе од 600-тини се на интензивна нега. Бројот на позитивни на дневно ниво во Бугарија се движи околу 5 000 лица, но деновиве имаа и по 150 починати на ден. Видливо е меѓутоа дека бугарското општетство н се драматизира премногу поради ова.

Сепак, децата од Софија и уште шест општини беа испратени да ја следат наставата од дома.

Грција бележи најголем број на новозаразени во еден ден со близу 5 000 позитивни.