Просечната нето плата во септември 2023 година во Србија изнесува 85.066 динари (735 евра), објави Републичкиот завод за статистика (РЗС). Половина од вработените во Србија работеле за помалку од 65.727 динари (560 евра), јави дописникот на МИА од Белград.

Просечната бруто плата во септември изнесува 117.472 динари, соопшти РЗС.

-Растот на бруто и нето заработката, во периодот јануари-септември 2023 година, во однос на истиот период лани, номинално изнесува 15 отсто, односно реално еден отсто, се наведува во соопштението на РЗС.

Споредено со истиот месец од претходната година, просечната бруто и нето заработка за септември 2023 година е номинално повисока за 13,5 отсто, а реално за три отсто.

-Медијалната нето-плата за септември 2023 година изнесува 65.727 динари (560 евра), што значи дека 50 отсто од вработените заработиле до наведениот износ, посочуваат од РЗС.  (МИА)