Заради утврдени неправилности во работењето на струмичка фирма која одгледувала канабис за медицински цели, запленета е непријавена марихуана во вредност од околу 3 милиони евра, со вкупна тежина од над еден и пол тон соопшти министерот за внатрешни Оливер Спасовски.

Од МВР не откриваат за која фирма станува збор имајки во предвид дека во Струмица и регионот има неколку субјекти што се занимаваат со ова дејнсот. Акцијата ја спровеле со Бирото за јавна безбедност но и со членови на Комисијата за оценување на исполнетост на условите кај фирмите во однос на простор, опрема и кадар за добивање на одобрение за одгледување на канабис

Во друга одделна акција на МВР на патот Охрид – Ресен фатени се пак двајца струмичани со патничко моторно возило кои пренесувале 50 килограми марихуана спакувана во три торби  во вредност од 200 илјади евра. Според информации од МВР станувало збор за два одделни случаи за кои истражната постапка на битолското и струмичкото обвинителство треба да утврди дали има поврзаност на двата случаи што ги откри полицијата

Од Основното јавно обвинителство во Струмица ни потврдија дека јавен обвинител излегол на терен при вчерашанта контрола во струмичка фирма. Сооопштија дека до нив во текот на денешниот ден нема стасано кривични пријави. Најавија повеќе информаци  во понеделник. Како што информираа ќе се истражува и дали запленетата марихуана во Струмица има и поврзаност и со случајот во Ресен

Во Струмица и регионот има повеќе фирми кои одгледуваат канабис за медицински цели. Вчерашната контрола имала за цел да се утврди колку од фирмите ги исполнуваат условите  за одгледување канабис.