Повеќе од 60 лица, меѓу кои и цивили, загинаа денеска во судири меѓу владините сили во Јемен и бунтовниците Хути поддржани од Иран, соопштија воени и медицински извори.
Според три јеменски воени извори, во повеќечасовните борби во југозападниот дел на земјата загинале 26 припадници на владините сили, додека медицински и воени извори од Хутите соопштија дека загинале 31 бунтовник.
Во градот Таиз што е под контрола на владата, во ракетен напад врз автобус загинале шест цивили, а седум други биле ранети.
Владин претставник го обвини Хутите за ракетниот напад врз автобусот што сообраќал меѓу Таиз и Аден, седиштето на меѓународно признатата јеменска влада.
Новите судири во југозападен Јемен се случуваат во услови на обновена ескалација на борбите за контрола на пристапот кон Црвеното Море, откако во јули пропадна примирјето од 2022 година.
Во вчерашните борби загинале 129 лица, според билансот составен врз основа на податоци од повеќе извори. (МИА)




