Владата ја исплати последната голема транша од договорот за софтверски лиценци кој поранешниот генерален секретар Драги Рашковски го склучи со ИТ-конзорциумот Аитоникс/Крејон за околу една милијарда денари или околу 15 милиони евра, непосредно пред да ја напушти функцијата, објави економскиот портал Фактор.

Минатата недела на Крејон Македонија, подружница на норвешка ИТ-компанија, му се исплатени 5 милиони евра, односно попрецизно 308.671.300 денари, објавено е на „Отворени Финансии“. Лани ова време му биле префрлени 284.792.300 денари, а во ноември 2020 првата поголема сума била 259.286.327 денари. Во меѓувреме се исплаќани повеќе помали суми, што вкупната се заокружува на околу милијарда денари. Софтверските лиценци се исплатени во текот на ковид, енергетската и воено-глобалната криза кои сериозно ја погодија македонската економија.

Рашковски склучи тригодишен договор, а според претходни медиумски објави, тендерот го добил конзорциумот со само 200 евра пониска понуда од конкурентите.

Инаку во тек е судски процес против Рашковски, бившиот генерален секретар во Владата на бившиот премиер Зоран Заев.

Целиот текст може да го прочитате во ФАКТОР.