Американскиот новинар Брент Рено (51) загина откако руските сили отворија оган врз автомобил во движење во близина на Ирпин. Неговата смрт ја потврди шефот на регионалната полиција.

Во нападот повреден е уште еден новинар, кој бил заедно со него, и е хоспитализиран.

Иако во јавноста се појавија информации дека тој е новинар на Њујорк Тајма од медиумот се огласија истакнувајќи дека тој во Украина не бил на задача за Тајмс.

-Со големо жалење ја примивме веста за смртта на Брент Рено. Иако порано многу придонесе за работата на Њујорк Тајм, тој не беше на задача во Украина за Тајмс. До забуната е дојдено откако се појави фотографија од прс картичката која ја носел, а му била издадена од Тајмс пред многу години за тогашната задача, велат од медиумот.