Британските пратеници предложија претседателот на Украина, Володимир Зеленски да ја добие титулата витез, пренесува Танјуг. Тие побараа од премиерот Борис Џонсон да го номинира Зеленски како знак на признание за храброста и инспиративното лидерство, објави Сан.

Пратениците од сите британски партии го повикаа премиерот да му ја додели титулата почесен витез на Зеленски, по неговиот говор пред целосниот британски парламент, преку видео-врска од неговото засолниште во Киев.

Сан наведува дека кога му било понудено да ја напушти Украина за САД, Зеленски (44) одговорил:

– Тука има борба. Ми треба муниција, а не превоз.

Тори Боб Сили, од Комитетот за надворешни работи на Долниот дом, рече дека Зеленски е вистински лидер и дека храбро застанал покрај народот со својот пример.