Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес во соопштение рече дека ги згоелмува за двојно царините за алуминиумот и за челикот за увозот од Турција.

„Штотуку одобрив дуплирање на царините за челик и за алуминиум од Турција чија национaлна валута лирата рапидно падна во однос на нашиот силен долар! Алуминиумот сега ќе се увезува со царини од 20 проценти, а челикот со 50“, објави Трамп на Твитер.

Тој додаде дека односите меѓу Турција и САД „во моментов не се добри“.

Во заднината на овие потези на Белата куќа се повеќе причини, една е секако стратегиската игра на Ердоган со Путин и Русија, а видливата е таа со уапсениот американсики пастор Ендру Брансон.

По објавеното соопштение на Вашингтон, лирата падна за уште 16 проценти во однос на доларот и го допре до сега најниското ниво.

Во средата вечерта Вашингтон соопшти дека ќе воведе санкции кон турскиот министер за правда Абдулхамид Ѓул и спрема министерот за внатрешни работи, Сулејман Сојлу заради „водечката улога“ во апсењето на пасторот Брансон, како и за други случаи за кршење на човековите права.

Пред две години Турција го уапси Брансон заради наводни врски со исламсикиот клерик Фетула Ѓулен, кого Анкара го обвинува за креатор на неуспешниот воен удар во 2016 година.

Кон крајот на јули Брансон од затвор беше пефрлен во куќен притвор.

Турција нема да потклекне пред заканите и уцените, порача денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, откако САД најавија двојно зголемување на царините за увоз на турски челик и алуминиум, јави ДПА.

На собир на приврзаници на неговата владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) во северниот турски град Ѓумушхане, Ердоган порача дека оние кои не преземаат никакви мерки против исламскиот проповедник Фертулах Ѓулен, „кои ги штитат и чуваат во палати, не можат да и држат лекции по право“ на Турција.

Ѓулен живее во САД.