И покрај ниските температури голем број граѓани на Охрид се искапија во осветената езерска вода и ја продолжија вековната традиција.
Прв во Езерото со крстот во рака влезе Никола Чорбе, кој го фати крстот во Варош кој се фрлаше во црковен казан, а по него останатите.
Како што е редот капачите првично три пати ја пееја песната „Во Јордание“.
Видео: Охрид 1.мк