Поради исклучително низок водостој на втората по големина европска река Дунав скоро целосно е прекинат сообраќајот на товарни бродови низ унгарскиот дел на реката, објави Радио Кошут.

Според претседателот на Унгарскиот сојуз за пловидба по внатрешни води, нивото на Дунав започнала да опаѓа уште во јули, а сега водостојот е толку низок што по Дунав можат да пловат само помалку чамци и бродови, со што е направена голема штета на превозниците.

Утрово според Државната служба за мерење на водите , висината на водостојот на Дунав изнесувала од 107 см кај Комаром, 154 кај Будимпешта, до 72 сантиметри кај Мохач.

Водостојот на втората по големина европска река е многу низок и кај Нови Сад што може да се види и од фотографиите кои граѓаните ги објавуваат на социјалните мрежи.

Во Нови Сад може да се шета по песочните островчиња на Дунав.