Германската канцеларка Ангела Меркел ѝ рекла на својата партија ЦДУ дека нема да се кандидира за реизбор како нејзин претседател во декември, велат партиски извори.

Оваа одлука доаѓа откако нејзината партија доживеа тежок пораз на регионалните избори, што е закана за стабилноста на владејачката коалиција.

Меркел е претседател на ЦДУ од 2000 година, со што стана еден од нејзините најдолгорочни претседатели.

Таа ја предводи Германија како канцелар од 2005 година и сака да остане на таа функција.

Меркел, наводно, им кажала на лидерите на партијата ЦДУ дека нема да се кандидира за лидер откако и оваа централнодесничарска партија и централнолевичарската партија СПД викендов претрпеа тежок удар на гласањето во државата Хесен.

Сепак, таа рече дека би сакала да остане канцелар, објави локалните медиуми.