Палестински здравствени работници изјавија дека во денешниот израелски напад врз бегалскиот камп Магази во централниот дел на Појасот Газа загинаа најмалку 33 луѓе.

Портпаролот на палестинското Министерство за здравство Ашраф ал Кидра изјави дека 42 лица се повредени.

Кампот е станбена зона и е дел од зоната за евакуација. Израелската армија апелираше до Палестинците да се засолнат таму додека офанзивата е фокусирана на северниот дел Појасот Газа.

фото: МИА архива