Целосната поддршка што Нова демократија му ја дава на претседателот на комитетот на Префектурата Кавала, Христос Прионидос, е почеток на граѓанска војна која ја почнува Киријакос Мицотакис, обвинива Сириза преку партиско соопштение.

„Очигледно е дека Нова демократија, во врска со договорот со ПЈРМ прифаќа политичка линија со која не само што флертува со крајната десница, но е и на линија со Златна зора“, се вели во соопштението на Сириза, партијата на премиерот Алексис Ципрас, кое го пренесуваат утринава грчките медиуми.

Во продолежние на соопштението се наведува дека „господин Мицотакис треба да е свесен за одговорноста за ваквиот развој и го повикуваме директно да одговори: Дали тој се согласува со повикот за погром против членови на Сириза од господинот Прионидос? Дали тој се согласува со заканите со граѓанска војна? Против хомесуксуалците?

Во моментов нема одговор од Мицотакис или од некој од раководството на Нова демократија. Но, бидејќи тензијата се крева постојано на грчката политичка сцена, се очекува одговорот брзо да стаса.