Американската војска соопшти денеска со писмо до ирачките власти дека во наредните неколку денови и недели ќе ги повлече и ќе ги прераспореди своите трупи од Ирак, јави Ројтерс.

Агенцијата, како што пренесе Танјуг, наведува дека не е јасно дали ќе бидат повлечени сите војници на американската армија, чиј број во Ирак е околу 50.000 војници.

Автентичноста на писмото за британската агенција го потврдил воен ирачки извор. Од друга страна, портпаролот на Пентагон не можел да потврди за автентичноста на писмото.

До ваква одлука доаѓа откако ирачкиот парламент побара американската војска да си замине од Ирак, а тоа доаѓа откако во напад на САД во Багдад беше убиен иранскиот генерал Касем Солејмани.

Во писмото се наведува дека евакуацијата ќе биде извршена со хеликоптери.