Германската канцеларка, Ангела Меркел, во јануари одбила телефонски повик од Џо Бајден, кој откако стапи на функцијата претседател на САД решил прво да разговара со неа, јави денеска Волстрит џурнал.
Бајден во претседателската фотеља седна на 20 јануари.
-Откако се всели во Белата куќа во јануари претседателот Бајден одлучил неговиот прв повик кон странски лидер да биде адресиран до Ангела Меркел, што би претставувало сигнал за враќање кон трансатлантската стабилност после нестабилноста од епохата на Трамп, се наведува во статијата.
Канцеларката на Германија, сепак, имала други планови.
-Таа го одбила повикот, тоа било петок навечер, затоа што требало да замине во својата вила недалеку од Берлин, каде во некои викенди поминува време грижејќи се за својата градина и шетајќи покрај езерото, дознава весникот.
Поради ова, разговорот меѓу двајцата лидери бил префрлен за 25 јанари, а канадскиот премиер Џастин Трудо станал првиот странски лидер со кого Бајден разговарал во својство на претседател на САД. Телефонскиот разговоре Бајден-Трудо се случи на 23 јануари.
Меркел веќе одамна одлучи да ја напушти лидерската позиција. Парламентарните избори во Германија закажани за в недела се првите во изминатите две децении во кои таа нема да учествува, по што планира да замине во пензија. Но тоа можа да се случи после неколку месеци откако ќе се избере новата влада, а нејзината ќе работи во техничко својство.
Германската канцеларка претходно кажа дека своите пензионерски денови планира да ги минува во два дома, еден од кои е викендичката со градина во северниот регион Укермарк.