Во Њујорк е прогласена вонредна состојба поради силното невреме кое предизвика големи поплави.

Многу од градските подземни системи, улици и автопати се поплавени, додека најмалку еден терминал на аеродромот Ла Гвардија беше затворен во петокот пред подоцна повторно да биде отворен.

Во некои делови од градот падна дожд до 20 сантиметри.

„Ова е опасна, опасна по живот бура“, рече гувернерката Кети Хочул.

„Прогласувам вонредна состојба низ Њујорк, Лонг Ајленд и долината Хадсон поради екстремните врнежи што ги гледаме низ целиот регион“, рече гувернерот Хочул.

Таа ги повика луѓето да преземат чекори за да останат безбедни и „никогаш да не се обидуваат да патуваат по поплавените патишта“.

Не се пријавени смртни случаи или тешки повреди.