Една мајка од САД се сретнала со необичен начин на комуникација со воспитувачките во градинката, кои го чуваат нејзиното двегодишно момче.

Таа на Фејсбук објави фотографија од нејзиниот син, кој се уште носи пелени. Воспитувачката и напишала порака на мајката на стомакот на син и.

„Мамо, немам повеќе пелени, те молам прочитај го дневниот извештај!“

Мајката ги прашува корисниците на социјалните мрежи:

„Ми треба вашето мислење. Дали сум во право што сум тотално бесна? Или, сепак, претерувам? Утре ќе имам сериозен разговор со воспитувачките“.

„Секој ден кога го земам Мило од креветчето, тие ставаат дневен извештај во неговата кутија за ручек. Пишуваат за неговото расположение, во кое време ги смениле пелените, итн. Изгледа вчера му напишале дека му требаат повеќе пелени, но не стигнав тоа да го прочитам. Дали е можно никој да не можел да ми го каже тоа уснено туку морале на овој начин да ми кажат дека му требаат пелени “, се прашуваше оваа мајка.

Нејзиниот пост го коментираа над 200 луѓе кои беа исто толку шокирани од потегот на воспитувачите како и самата мајка.