На 06.09.2026 околу 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Перо Наков“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(26) од с,Ржаничино, скопско и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Ш.Ќ.(35) од Скопје.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Јавната здравствена установа „Св. Наум Охридски“- Скопје, информира МВР.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.