Американски борбен авион Ф-16 денеска се урна во морето кај западниот брег на Јужна Кореја, а пилотот е спасен, соопшти единицата на американското воздухопловство стационирана во таа земја.

F-16 Fighting Falcon доживеа „итен случај за време на летот“ над морето и се урна, се вели во соопштението на единицата. Пилотот, кој безбедно се катапултирал и бил спасен приближно еден час подоцна, е свесен и е пренесен во медицинска установа за евалуација.

Ова е втора несреќа на Ф-16 за малку повеќе од еден месец во земјата. Во градот Гунсан на западниот брег е сместена една од двете главни воздушни бази што ги користи американската војска во Јужна Кореја.

Во декември, уште еден Ф-16 се урна за време на рутински тренинг лет, а пилотот исто така беше спасен.

Фото: МИА архива