На социјалните мрежи синоќа беше објавено вознемирувачко видео во кое, како што е наведено, 12-годишно девојче од Велес е жртва на напад од врсничка.

Додека расплаканото и вознемирено девојче моли за помош, нејзината врсничка ја кубе за коса и ја удира сѐ додека не се вмешаат возрасни минувачи за да ја спасат од насилната врсничка.

Останатите девојчиња наместо да помогнат и да ги смират страстите на другарката, од непсоредна близина го снимаат немилиот настан и се смеат.