Возот „сребрена стрела“, кој ќе се промовира на 8 септември, на Меѓународниот саем во Солун, ќе ги поврзува Атина и Солун за помалку од 3,5 часа.

Возот на италијанската компанија Феровие дело стато ќе биде промовиран на една кратка делница, затоа што целата линија за брзата железница не е целосно завршена. Се очекува линијата за супер брзиот воз Атина-Солун целосно да биде ставена во погон во 2019 година.

Станува збор за воз со 480 седишта кој ќе се движи со брзина од 250 километри на час.  На 8 септември ќе се промовира возот на делницата Солун-Катерини каде може да се вози со брзина од над 200 километри на час.

Се предвидува „србрена стрела“ дистанцата од Атина до Солун (502 километри) да ја проаѓа за 3 часа и 20 минути.

По завршувањето на овој проект, компанијата ќе може да прејде на нова фаза, а тоа е равој на проектот „црвен стрела“, воз кој може да развие брзина од над 300 километри на час.