СДС и Венко Филипче се враќаат кон бојкотот познат како последното засолниште на неспособните. Стара, лоша навика и зависност на екипата од Бихаќка која секогаш кога ќе се најде во тесно, БОЈКОТИРА, пишува во својата анализа Курир.

И пак, како и секогаш, тоа е единственото решение на врхушката на СДС. Бојкотираше Бранко, по него Заев, за да сега истата зезалица ја користи Венко. Само Таче не бојкотираше, беше на власт, па не можеше сам да се бојкотира…

Овојпат, Венко започнува со БОЈКОТ на Работната група за измените во Изборниот законик, стара финта и мизерна уцена со цел да останела небулозната Пржинска влада, која следните неколку изборни циклуси ќе биде единствена шанса да се приграбат до власт. Ок, ако во меѓувреме не исчезнат од политичкиот радар и не станат втора опозициона партија, веројатно и трета. Тогаш, ниту Пржинска влада не им помага за да барем 100 дена станат министри.

Очекувањата од старата екипа која не може да научи нови трикови се дека БОЈКОТОТ ќе продолжи и со собранието. Едноставно таа НАПРАВИЈА за нив е „добар ден“.

„Пржинската влада мора да остане во спротивно пратеничката група на СДСМ ќе се повлече од Работната група за Изборниот законик“, изјави денеска надобудниот „лидер“ на СДС Филипче, за кого по кулоарите се погласно се зборува дека ќе го напушти и собранието со малечката СДС тајфа.

Неоти и да дојде до тој бојкот на собрание за кој гласно се шушка некому и ќе недостасуваат 17-те минорни народни избраници кои и онака многу-многу не ги гледаме во собрание, но најавата е дека така Венко ќе привлекува внимание. Од кого друг, ако не од странците. Па „драма квиновите“ ќе глумат режим, ќе паѓаат во несвест дека се некакви си жртви и така натаму. Десетина пати веќе виден, инфантилен филм во една те иста цепки режија…

Не заборави да го истакне и својот најголем страв, дека ќе има предвремени парламентарни избори.Венко многу добро знае, дека ако ги има, неговиот крај како лидер е загарантиран. Ниту оној кој го намести (читај Заев) не ќе може да оправда два дебакла по ред на својот пулен и чувар на тронот, а овој според анкетите ќе биде и бааги поголем од катастрофата на локалните избори.

Бидејќи кога зборува со новинарите гледа кај нив некаква си паника, па глуми ослободител и им вели дека се заробени, упатените одамна сфатија дека тоа Фројд говори кај него. Тој е оној кој е во паника и кој е заробен од својот стопан кој чаламски улета на фајронт на роденденската журка на СДС.

Затоа, најдобронамерно му предлагаме и го советуваме да оди на бајачка кај Иван Исцелител или подобро кај Баба Дара, за спас од уплавот од предвремени кои само тој ги споменува, иако е тотално нелогично и инфантилно со постојано споменување на истите да се обидува ги превенира предвремените избори, колку и да сето тоа звучи луцидно…

Употреба на иљачот на Јон не му препорачуваме, упатените велат дека тоа само би ги засилило стравот и уплавот од изборите.

Проблемот бил што е друго да се соочиш со законот и обвиненија како лидер на партија, а друго како обичен партиец, па макар и тогаш бил пратеник. Таксират, голем…

Извор: Курир