На јубилејниот 30-ти натппревар Конкур Мондиал де Брисел / Concours Mondial de Bruxelles – CMB, кој се одржа во Пореч, Хрватска, беше објавено подготвувањето на трите нови интернационални вински натпревари кои ќе бидат посветени на моновариетни и купажни вина од една избрана винска сорта. Најавените натпревари од овој тип се отворени за учество на сите производители во светот кои произведуваат вина од наведената сорта.

Извршниот директор на најпопуларното винско натпреварување г-от Куантан Хаво / Quantin Havaux пред околу 400 вински судии, главно реномирани вински новинари, вински критичари од сите четири страни на светот, покрај останатите новитети, ги најави и првите три сорти за кои веќе се отпочнати подготовки за реализирање на натпреварите, како и подготвките за нивно интернационално промовирање. На огромно задоволство на сите, а особено на судиите од Балканот, помеѓу првите три сорти се појави и една од „балканската винска градина“, сортата Вранец. Вранецот е сорта која одлично ја пренесува експресијата на поднебјето, која нуди високо квалитетни органолептички карактеристики, сорта oд која може да се добие широк спектар на вински стилови и конечно сорта која може да созрева во шише со децении, зголемувајќи го својот раскош на ароми и вкусови.

Конкур Мондиал де Брисел / Concours Mondial de Bruxelles – CMB е вински натпревар кој поради неговата популарност и експоненциален раст на учесници и на вински критичари ангажирани буквално од секое “ќоше” на планетата, природно се подели на неколку помали настани со цел да се задржи фокусот на квалитетот во оценувањето на вината. Позади овој натпревар стои искусна белгиска компанија, Винопрес. Компнијата повеќе од три децении работи во делот на маркетинг и комуникации. Самата компанија има соработка со преку 800 соработници, главно реномирани вински новинари и критичари ширум светот, што ја позиционира како главна порта за промоција на вина, сорти и виногорја, во светот.

Влегувањето на сортата Вранец во протфолиото на натпревари на Конкур Мондиал де Брисел, значи голема светска промоција на вината, регионите и земјите кои се тесно поврзани со оваа сорта, но исто така отвора можност за приклучување на други значајни вински сорти во насока на севкупно презентирање на се повеќе популарниот балкански вински полуостров. До сега ниту еден интернационален натпревар надвор од балканот не посветил толку внимание кон вината од сортата вранец, кои се за останатиот дел од светот најчесто непознати.

„Објавувањето на проектот Вранец Селекција / Vranec Selection побуди изнвонреден интерс кај винските судии од целиот свет, искажувајќи го својот интерес за учество на најавениот натпревар“, изјави организаторот. Објавувањето на земјата, домаќинот и датумот на овој настан се очекува кон средината на Јуни 2023.