На ДУИ ѝ пропадна уште еден обид. Веќе ништо не им оди од рака. Пробаа со шатори, наводно за заштита на албанскиот јазик, а завршија со нон грата. Пробаа со писма до меѓународните претставници и добија нула одговори. Пробаа со политичката измама наречена референдум и изгубија со 10 општини во корист на ВЛЕН. На крај се обидоа да се перат преку грбот на студентите. И тоа им пропадна, се наведува во соопштението од ВРЕДИ, што МИА го пренесува интегрално.

Протестот заврши, но маските повторно паднаа. Колку и да врескаат, вистината е една.

Студентите побараа правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик, можност што досега не постоеше. ВЛЕН му пристапи на овој проблем сериозно и суштински. Затоа решението нема да застане само кај правосудниот испит. Сите професионални испити ќе може да се полагаат и на албански јазик.

Кога ВЛЕН ќе земе проблем во свои раце, тој не останува во фиока. Се реши прашањето со професионалните медицински испити. Воспитувачките во градинките го добија своето право. Медресата доби достоинствено решение. Казината се тргаат од местата каде што не им е местото. Така се работи кога има волја. Проблемите што ДУИ со години ги држеше заглавени, ВЛЕН ги затвора еден по еден.

Сѐ што оставиле ДУИ овие 20 години, се нерешени прашања или половични решенија.

ДУИ може да вреска колку сака, да манипулира и да се крие зад кого сака, но нивното време заврши.