Бујар Османи се обидува да создаде впечаток дека застанал во „одбрана“ на имамот Бекир Халими и активистот Валон Бела, откако двајцата беа прогласени за „персона нон грата“ од Владата на Албанија, барајќи оваа одлука да биде преиспитана, се наведува во соопштението на Вреди кое МИА го пренесува интегрално.

Лицемерието на Бујар наликува на народната изрека: „Ноќе те убива, дење те оплакува.“

Тоа е затоа што сите знаат дека токму Бујар и ДУИ се тие кои директно влијаат врз Владата во Тирана да ги прогласува за непријатели оние што не им се по волја меѓу Албанците во С. Македонија.

Ниту Халими, ниту Бела не се најдоа на „црната листа“ на Рама без влијанието на Бујар и ДУИ.

Иронијата е во тоа што токму експонентите на ДУИ беа меѓу првите кои ја поздравија идејата Албанците од Северна Македонија да бидат ставени на „црна листа“ од Албанија.

Оваа дволичност на Бујар нè потсетува на случајот „Монструм“, кога Бујар, по налог на Јанкуловска, во некои медиуми тврдеше дека Хаки Азири исчезнал по сопствена волја, додека во други медиуми бараше меѓународна истрага за монтираните случаи од страна на владите во кои и самиот беше министер.

Но Албанците одамна го препознаа лицемерието на Бујар и го казнија со својот глас.

Криците на Бујар на Фејсбук се последица на неможноста да го прифати својот политички крај, по убедливиот пораз во Чаир.

Со политичари како Бујар, кој денес кажува едно, а утре постапува спротивно, ДУИ нема иднина и долго време ќе остане во опозиција.

Вреди