Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 21, а дневната од 28 до 39 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје, слично време, сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе се искачи до 36 степени.

И утре ќе преовладува стабилно и многу топло време со максимални температури кои на повеќе места ќе надминат 35 степени. Од недела во попладневните часови повторно ќе има појава на локален пороен дожд и грмежи, а максималните температури ќе бидат во постепено опаѓање.