Времето во Македонија претпладне ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, информираат од УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.

Во Скопје претпладне променливо облачно, попладне сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 17 степени.

До недела попладне ќе се задржи претежно стабилно и суво време со постепен пораст на температурата. Во недела кон крајот на денот и во почетокот на следната седмица ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд кои во ноќните часови од недела кон понеделник ќе бидат проследени со ретки грмежи. Во понеделник ќе дува засилен северен ветер и температурата ќе биде во опаѓање.

Најниски температури во Берово минус 3 и во Лазарополе минус 2 степена

Најниски темепратури утрово се измерени во Берово -3 степени Целзиусови и во Лазарополе -2 степени. Следат Попова Шапка со 0 степени, 1 во Маврови Анови, Крива Паланка, Претор и Битола, 2 Охрид, Струмица, Демир Капија, 3 Штип, Крушево, 4 Скопје-Петровец, Прилеп, Тетово, Гевгелија, 5 Велес и 6 степени во Скопје кај Зајчев Рид, Куманово, Кавадарци, Виница и во Дојран.

Времето денеска претпладне променливо облачно со услови за слаб локален дожд, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени.

Во Скопје претпладне променливо облачно, попладне сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 18 степени.

Фото: МИА Архива