Денеска изутрина студено, преку денот сончево со умерена облачност и разлика од 25 степени меѓу утринската и највисоката температура преку денот.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од 2 до 11 степени, а дневната од 19 до 27 степени Целзиусови.

Во Скопје слично време со температура до 25 степени.

Во текот на оваа седмица во утринските часови по котлините ќе има ниска облачност, а во текот на денот насекаде ќе преовладува претежно стабилно и релативно топло време.

Утре и  в петок ќе има услови за локален дожд и ретки грмежи. Утринските температури утре ќе бидат пониски, а потоа и утринските и дневните ќе бидат во пораст.

Фото: МИА