Времето во Македонија ќе биде претежно облачно, попладне со врнежи од дожд.

Од пладневните часови од север ќе се прошири умерен до засилен северен ветер. Ветерот ќе засилува и преку ноќта, а врнежите од крајот на денот ќе преминуваат во снег и понекаде на повисоките места.

Утринската температура ќе се движи од 3 до 8, а дневната од 7 до 19 степени.

Во Скопје претежно облачно, попладне со врнежи од дожд. Од пладневните часови од север ќе се прошири умерен до засилен северен ветер. Ветерот ќе засилува и преку ноќта. Утринската температура ќе се спушти до 6, а дневната ќе достигне до 15 степени.

Засилување на ветерот ќе има и преку ноќта и во понеделник, кога температурата ќе биде значително пониска. Во понеделник и вторник врнежите ќе бидат од снег и на некои пониски места особено во северните делови.