Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, во западните и северните делови со услови за локален дожд. Ќе дува умерен северозападен ветер.

Утринската темпертуа ќе се движи од минус еден до нула, а дневната температура од шест до 18 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно. Ќе дува умерен северозападен ветер.

Утринската температуа ќе достигне до нула степени, а дневната температура до 14 степени.

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а само на повисоките планини ќе бидат од снег.  Повеќе врнежи ќе има во петок, кога врнежи од снег се можни и на повисоките места.