Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има зголемување на облачноста со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Утринската температура ќе се спушти помеѓу 13 и 21, а дневната ќе достигне од 30 до 38 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје, претпладне сончево, попладне со зголемена облачност и со локални врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до 20, а дневната ќе се искачи до 35 степени.

Продолжува периодот на топло време. Во недела и во почетокот на идната недела во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста со локален пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме и појава на град.