Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Локално ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утре ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град. Во недела ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Најниската температура изутринава е измерена во Берово, Лазарополе и Попова Шапка – четири степени, а највисоката во Демир Капија – 13.

Како што соопшти УХМР, во Берово, Лазарополе и Попова Шапка се измеренин 4 степени, во Kрушево и Mаврови Анови шест, во Крива Паланка седум, во Охрид и Битола осум, во Скопје-Петровец, Тетово, Претор и Прилеп девет, Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Велес и Кавадарци десет, во Штип, Виница и Гевгелија 11, во Струмица 12 и во Демир Капија 13.

Количината на врнежи за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2) изнесува два во Крушево и Попова Шапка и еден во Тетово и Лазарополе.