Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.

Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 18 степени.

УХМР информира дека следува период на променливо облачно време со честа појава на повремени врнежи од дожд. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, за кратко време над 20 литри на метар квадратен, појава на грмежи и силен ветер, над 70 километри на час.

Утрово е најстудено на Попова Шапка, 2 степена, а максимални 13 степени е во Штип и Демир Капија. До 08:30 часот се измерени и 5 степени во Маврови Анови и Лазарополе, 6 во Крушево, 7 во Крива Паланка, 8 во Претор и Берово, 9 во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Тетово, Куманово, Охрид, Прилеп и Кавадарци, 10 во Битола, Виница, Велес и Струмица, како и 11 степени во Гевгелија.

Изминатите 24 часа наврнале 2 литра на метар квадратен во Тетово, Пожаране, Маврови Анови и Попова Шапка, како и еден литар на единица површина во Лазарополе.

Фото: МИА архива