Во утринските часови ќе биде променливо облачно, преку денот сончево со мала облачност и со слаб претежно североистеочен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје наутро променливо облачно, во текот на денот сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 13 степени.
И во петок ќе преовладува сончево време со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер. Под влијание на продор на студена воздушна маса во петок кон крајот на денот и во сабота ќе дува засилен северен ветер, облачноста ќе се зголеми, па во сабота дневната температура осетно ќе се намали, а на планините на северот ќе има услови за провејување на слаб снег. Од недела продолжува стабилното време со значително пониски утрински температури.