Со резолуција на Генералното собрание на ОН 19 ноември е прогласен за Светски ден на тоалетната хартија со цел да се фокусира вниманието врз проблемите на луѓето кои немаат пристап до санитарно-технички средства.

Иницијативата беше поведена и утврдена на Меѓународната конференција посветена на оваа тема што се одржа во 2001 година во Сингапур.

Секоја година ОН го одбележува Денот на тоалетната хартија за да ја подигне свесноста за 4,2 милијарди луѓе кои живеат без „безбедни санитарни услови“. Според ОН, околу 60 проценти од светското население или нема тоалет дома, или нема канализација.