Куси имиња се во мода во Хрватска веќе некое време, а во 2019 година повеќето деца ги добија имињата Лука и Миа, посочуваат хрватските медиуми.

Како што наведуваат, „за неколку години, училишните одделенија ќе бидат полни со Давид, Јаков, Иван и Петар, бидејќи тие се меѓу петте најчести машки имиња“.

Најголемиот дел од девојчињата ќе се викаат Ема, Луција, Сара и Ника.

Во најновите статистички податоци за најмладите членови на општеството, Централното биро за статистика посочи дека во 2019 година во Хрватска се родени 36.135 деца, од кои 51,1 процент се момчиња, а 48,9 проценти девојчиња.