Времето во земјава ќе биде променливо облачно, со локални врнежи од дожд и грмежи, претежно во јужните делови.

Ќе биде значително посвежо и ветровито со умерен до засилен северен ветер и УВ индекс 7.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20 степени, а дневната температура ќе се движи од 22 до 33 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. УВ индекс 7.

Утринската температура ќе достигне до 18 степени, а дневната температура до 28 степени.

Во петок се уште ќе има услови за локален дожд. Од сабота следува период на стабилно време со постепен пораст на температурата.