Некои луѓе едноставно се склони да манипулираат со другите, иако манипулацијата не мора да биде негативна. Сепак, најчесто се злоупотребува и користи за лична корист, на штета на друга личност.

Личностите родени во овие три хороскопски знаци важат за најголеми манипулатори.

1. Скорпија

Со Скорпиите никогаш не знаете на што сте. Кога ќе препознаат лесен плен, тајно планираат како можат да ве искористат и потоа без да забележите, целосно да ве манипулираат. Ако се замерите со нив, знајте дека нема да минете неказнето и дека тие бавно планираат сплетка против вас.

2. Близнаци

Луѓето родени во овој знак постојано ги менуваат мислењата и ставовите, поради тоа многу добро се адаптираат на различни типови луѓе. Сепак, за кратко време, некој ќе ја разоткрие нивната бескарактерност. Близнаците се склони на создавање сплетки меѓу одредени луѓе од чиста забава, токму поради тоа никогаш не можат да ги одржат долгогодишните пријателства.

3. Рак

Раковите се многу емотивни личности, но кога ќе се почувствуваат загрозено, подготвени се на сè. Особено ако станува збор за загрозување на безбедноста на нивното семејство. Раковите поради високиот коефициент на интелигенција многу вешто манипулираат со луѓе чии постапки не им се допаѓаат. Често глумат дека им се пријатели, а потоа играат на емоционална карта за да ја постигнат посакуваната цел.