Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места со снег, особено во претпладневните часови.

Минималната температура ќе се движи од 0 до 5 степени, а максималната од 4 до 11 степени целзиусови.

Во Скопје слично време со минимална температура до два степени, а највисоката дневна ќе достигне до девет степени целзиусови.

До петок ќе има услови за повремени врнежи, претежно во западните делови од земјата. Ќе дува умерен ветер од западен и северозападен правец кој повремено ќе се засилува во западните делови од земјата.