Времето во Македонија претпладне во котлините со појава на магла, а преку денот променливо облачно со повремен слаб дожд претежно во западните делови.

Утринската температура ќе се движи од нула до шест, а дневната температура од осум до 15 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд. Утринската температура ќе достигне до два степени, а дневната температура до 10 степени.