Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северисточен правец.

Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 35 степени.