Жежок првојулски ден прогнозираат синоптичарите за денеска во Македонија.

Според прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија денеска ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде од 10 до 19 степени, а максимална дневна од 27 до 36 степени Целзиусови.

УВ индексот денеска е 9.