Времето во Македонија дебеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во западните планински подрачја со услови за краткотраен локален дожд.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 29 степени.

Претежно сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Температурите ќе бидат без позначителни промени.