Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, попладне со локален дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен западен и северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од два  до осум, а дневната од 10 до 23 степени.

Во Скопје, слично време, сончево со умерена облачност, попладне можни се врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен западен и северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 20 степени.

Во наредните два дена во попладневните часови ќе има услови за краткотраен локален дожд и грмежи, а преодно стабилизирање се очекува во петок кога температурите ќе бидат во пораст. Нови пообилни врнежи од дожд се очекуваат од сабота кон крајот на денот.