Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.

Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, особено во западните делови каде ќе достигнува над 70 км/час. Кон крајот на денот ќе настапи наоблачување, во западните делови со врнежи од дожд.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири степени, а дневната температура ќе се движи од 19 до 21 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен ветер.

Утринската температура ќе достигне до нула степени, а дневната температура до 19 степени.

Во четврток и петок времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови каде на планинита ќе се формира снежна покривка од 15 до 25 см. Ќе дува засилен ветер претежно од северозападен правец, а дневната температура значително ќе се намали.