Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од 5 до 13, а максималната ќе достигне од 20 до 29 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје,  сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 9, а дневната ќе достигне до 25 степени.

До сабота времето ќе биде стабилно со пораст на температурата. Во недела попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а во почетокот на наредната седмица се очекува да биде нестабилно на повеќе места.