Времето во македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Утринската температура ќе се движи од 8 до 16, а дневната од 27 до 34 степени.
Во Скопје, сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе достигне до 31 степен.
Во четврток попладне и во петок времето ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи, особено во јужните делови од земјава. Во петок ќе дува засилен северен ветер. Од сабота и во наредните денови ќе преовладува стабилно време, а температурите ќе бидат во опаѓање.