Времето во Република Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Утринската температура ќе се спушти помеѓу седум и 18, а дневната ќе достигне од 24 до 35 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 33 степени.

Викендов во попладневните часови времето ќе биде претежно нестабилно облачно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.